Британскиот хирург Џулијан де Силва одлучил да спроведе мало истражување со цел да открие кој е најубав маж на светот. Според него, маж кој е најблиску до грчката теорија на совршенството е Џорџ Клуни. Размерот на носот и усните кај Џорџ е 99,6, што значи дека е совршен, а размерот меѓу брадата и очите исто така. Според истражувањата совршен нос има Рајан Гослинг, а Дејвид Бекам совршен облик на лицето.
Ова се десетте најубави мажи во светот:
1. Џорџ Клуни
2. Бредли Купер
3. Бред Пит
4. Хари Стајлс
5. Дејвид Бекам
6. Вил Смит
7. Идрис Елба
8. Рајан Гослинг
9. Зејн Малик
10. Џејми Фокс