Во вторникот во Њујорк се одржа премиерата за новиот филм за „Бетмен“, а на црвениот тепих најмногу внимание привлече Зои Кравиц која се појави во необично деколте.
Модните критичари рекоа дека жената мачка и овој пат се надмина себе си и деака нејзината женствена фигура и витка става дошле во прв план.
Кравиц се прошета на црвениот тепих со црниот фустан од Оскар де ла Рента, а длабокото деколте го красеа силуети на црни мачки. Фустанот е инспириран од култниот дизајн на Хелмут Ланг од 1989 година, а магазинот „Вог“ го прогласи за нејзин најхрабар избор досега.
Ќерката на познатиот пејач Лени Кравиц, позираше пред папараците со својот филмски партнер Роберт Патинсон. Таа и минатата недела на премиерата во Лондон се појави во сличен фустан од Ив Сен Лорен со рез на градите.