Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал се појавија на црвениот тепих за премиерата на неговиот филм Wolfs, во кој глуми со Бред Пит. Парот им позираше на фотографите на филмскиот фестивал во Венеција, а еден од фотографите падна додека ги снимаше. Актерот пријде да му помогне.
Клуни му помогна на фотографот да стане, а Амал стоеше до него. После тоа, актерот решил да го расположи фотографот, па го зеде фотоапаратот и им се придружи на фоторепортерите од другата страна на црвениот тепих и почна да фотографира.
Неговиот потег ги воодушеви присутните, а фотографиите на кои актерот го следи настанот со сериозен израз и опкружен со насмеани фотографи го обиколија светот.