Францускиот фудбалер Адил Рами се пофали дека имал секс по 12 пати дневно со Памела Андерсон во текот на нивната врска која заврши откако поранешниот секс симбол го обвини Рами дека ја мамел со други жени.
Рами и Андерсон беа во врска повеќе од две години. Минатото лето Андерсон бараше фудбалерот да се откаже од постовите кои ги пишувал по социјалните мрежи за неа.
34-годишниот Рами, кој беше дел од шампионската репрезентација на Франција на СП во Русија во 2018, а сега е во рускиот Сочи, не криел дека му било прекрасно додека бил во врска со неа.
Украинецот Александер Кокорин, негов соиграч од Сочи, во интервју вели дека Рами му ја опишал нивната врска до детали.
„Рами ни кажа многу интересни работи за Памела. Секако, сите беа заинтересирани каква
била во кревет, а тој кажуваше дека е најдобрата во неговиот живот. Тој се фалеше дека
имале секс по 12 пати во една вечер. Не му беше срам да зборува за тоа“, вели Кокорин