Фустан со стотици кристали за премиерата во Лос Анџелес: Џенифер Анистон е модна икона

Џенифер Анистон (54) изгледа неверојатно на премиерата на својот најнов филм „Murder Mystery 2“ во Лос Анџелес.Познатата актерка ште еднаш ја покажа дека е една од најубаво облечените жени меѓу познатите ѕвезди. Таа на премиерата на филмот во Лос Анџелес се појави во сребрен, мрежест мини-фустан со детали од бисери и со  кристали . Ѕвездата на „Пријатели“ цела комбинација ја надополнила со сребрени сандали. Во  филмот таа глуми заедно со својот колега Адам Сендлер (56) којшто дојде со својата сопруга Џеки Сендлер (48).

Scroll to Top