Холивудскиот глумец Леонардо ди Каприо (45) организираше роденденска забава на јахта за неговата девојка, Камила Мороне. Моделот вчера наполни 23 години. На журката дојдоа многу нивни заеднички пријатели, меѓу кои и глумицата Нина Добрев, олимпискиот сноубордер Шон Вајт и актерите Кевин Коноли и Лукас Хас.
Американските медиуми пишуваат за „луда забава“ на која гостите ги забавува познат диџеј и се испило многу пиво и шампањско. Журката на 43 метри долгата јахта почнала во 11 часот наутро и траела скоро осум часа.
Манекенката и глумецот се во врска од декември 2017 година. На крајот на февруари, тие се појавија заедно на Оскарите со што првпат јавно потврдија дека се заедноо. Камила е првата девојка со која Ди Каприо дошол на Оскарите по Жизел Бундхен, а која го придружуваше во 2005 година.