Георгина во минијатурно бикини: „Еден ден хиџаб, следниот ден полугола“

Атрактивната Георгина Родригез, долгогодишна партнерка на Кристијано Роналдо, привлече море од коментари со новите фотографии во минијатурно црно бикини на кои ги покажа своите раскошни облини.

Таа предизвика лавина од лајкови и коментари, но има и такви кои ја критикуваат затоа што неодамна позираше во хиџаб, а потоа се разголи.

Георгина позираше во провокативна поза на песочна плажа во Дубаи, каде што ужива со пријатели, а веќе знаеме дека е одлична во привлекувањето на сите погледи, па нејзината објава собра милиони лајкови за рекордно време.

„Каков среќник е Роналдо…“, „Како сирена си“, „Совршена“… се некои од комплиментите што ги доби, но бидејќи објави слики од себе „закопчана“ од глава до пети за време на посетата на џамија претходно, луѓето ѝ напишаа: „Треба да се извини за фотографиите во бикини“, „Еден ден хиџаб, следниот ден полугола“, „Роналдо, кажи ѝ да се покрие“…

Scroll to Top