Хари и Меган по венчавката ќе се презиваат Маунтбатен-Виндзор

Меган Маркл по венчавката за принцот Хари нема да стане принцеза, туку војвотка, оти кралицата Елизабета Втора треба на својот внук да му го даде називот по војводата од Сасекс. Тие по венчавката ќе го користат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Според историчарка и експерт за кралското семејство Каролин Харис, Меган и Хари ќе мора да се придржуваат до бројни правила. Таа вели дека членовите на кралското семејство најчесто не користат презимиња, но младите членови имаат право да одлучат дали сакаат презиме или не. Хари и Меган веројатно ќе ги користат само своите имиња, но при запишување во книгата на венчани, се претпоставува дека ќе го внесат презимето Маунтбатен-Виндзор.

Ова презиме го носат наследниците на кралицата Елизабета Втора, а тоа е спој од нејзиното презиме и презимето на нејзниот сопруг, принцот Филип. Во книгата на венчани ова презиме го запишаа и принцезата Ана, грофот Едвард и принцот Ендрју. Принцот Чарлс не запиша никакво презиме по венчавката.

Scroll to Top