Хари и Меган – венчавка од 500.000 илјади евра

Кон крајот на ноември минатата година Кенсингтонскта палата објави дека венчавката на принцот Хари и Меган Маркл ќе се одржи на 19 мај годинава и дека трошоците во потполност ќе ги покрие кралското семејство.

И додека јавноста прво почна да се интересира за дијамантскиот прстен на свршеницата, изгледот на венчаницата што Меган би можела да ја носи тој ден, како и локацијата на медениот месец, во сенка останаа средствата кои ќе бидат потребни за да се изведе оваа церемонија.

„Не можам да замислам дека таква раскошна венчавка ќе чини помалку од 500.000 евра“, рекла неодамна за британските медиуми Ејми Дун, позната организаторка на венчавки.

Со оглед на тоа дека Дун се специјализирала за луксузни венчавки, добро е упатена во тематиката и открила на што ќе се потрошат најмногу пари.

„Сигурно дека доста ќе се издвојат за обезбедување, кое тој ден ќе биде на посебно ниво, особено поради сè почестите терористички напади во светот“, рекла органзиторката и додала дека тој ден на улиците на Лондон се очекуваат повеќе од милион граѓани.

„Со оглед на тоа дека принцот Хари, сепак, не е сигурен иден крал, што било случај со принцот Вилијам, на оваа венчавка не се очекува еднаков број  државници и политичари“, рекла Дун, но додала дека тоа не значи дека нема да има гости.

На церемонијата се очекуваат да бидат присутни околу 600 гости, додека на прославата ќе дојде само половина од нив бидејќи принцот и американската глумица сакаат малку поинтимна венчавка.

Scroll to Top