Хари остана без кралската титула

На принцот Хари, војводата од Сасекс, му е одземена титулата Неговото Кралско Височество. Веста е објавена на веб страницата на британското кралско семејство, три години откако ја прекина должноста член на кралското семејство.

Royal.uk ги наведе принцот Хари и Меган како војводата и војвотката од Сасекс на нивните страници за биографија, додека другите членови на кралското семејство ги имаат титулите Неговото или нејзиното кралско височество, објави британски „Тајмс“.

Портпаролот на Бакингемската палата за „Дејли мејл“ рече дека страницата содржи над 5.000 страници со информации за животот и работата на кралското семејство, дека по смртта на британската кралица Елизабета Втора, содржината била преиспитувана и периодично ажурирана.

 

Scroll to Top