Хедер Локлир уапсена оти го тепала партнерот

Американската актерка Хедер Локлир, позната по улогите во сапуниците „Династија” и „Мелроуз плејс” е уапсена викендов поради семејно насилство и спротивставување на полицијата во својот дом во Калифорнија.

Таа е уапсена поради физички напад врз својот партнер, кој притоа се здобил и со телесни повреди, соопштуваат локалните власти.

Не се наведува за какви точно повреди се работи, но се знае дека мажот е однесен и згрижен в болница.

Кога пристигнала полицијата во нејзиниот дом, Локлир не сакала да соработува и станала агресивна кон нив. Тогаш глумицата добила лисици на рацете, но подоцна била ослободена со кауција од 200.000 долари.

Пред да биде притворена, и таа била згрижена во амбуланта поради повреди.

Властите исто така не го соопштуваат името на нејзиниот партнер, кој го пријавил инцидентот.

Scroll to Top