Хали Бери се појави на насловната страница на списанието „The Cut“, и потценување е да се каже дека овој едиторијал ги воодушеви модните фанатици. Познатата актерка позираше во смели, дури може да се каже и провокативни комбинации кои привлекуваат погледи и воздишки.
Покрај модниот сегмент, интересно беше и интервјуто што Хали Бери го даде за списанието. Таа се осврна на нејзината актерска кариера, но и на нејзиниот приватен живот. Таа го објасни својот став за бракот и зошто не е приоритет за неа да се омажи со Ван Хант.
„Не реков ‘да’“, рече 59-годишната актерка. „Не мислам дека мора да бидеме во брак за да имаме значајна врска. Не знам дали некогаш ќе се венчаме.“
Иако не сака брак, неодамна призна дека нејзината врска со Ван Хант е нешто посебно. Како што рече, таа беше во целибат 4 години пред тој да се појави.
„Морав да поминам низ оган и да се изгорам за да стигнам до точка каде што навистина ќе можам да ценам друга личност“, рече таа.
Во истото интервју, Хали Бери се потсети на моментот кога го освои Оскарот за најдобра актерка во „Monster’s Ball“.
Таа нагласи дека филмската индустрија не се променила многу за неа. Таа вели дека сè уште се соочува со предрасуди кон жените во филмот.






