Игнасио од „Касандра“ обвинет дека ја силувал Шакира

Актерот Освалдо Риос, кој се прослави со улогата на Игнасио во серијата „Касандра“ пред неколку години беше обвинет дека ја силувал колумбиската пејачка Шакира. 57-годишниот актер и Шакира биле во врска на почетокот на нејзината кариера, а обвинувањата не ги кажа самата, туку се повеќе шпекулации во јавноста кои се шират и денес.

„Тоа е смешно. Една од најголемите лаги кои се измислени. Самата Шакира изјавуваше дека кон неа сум се однесувал како принц“, рекол Риос кој додал дека Шакира има напишано песни за него и дека тоа не би го направила ако ја силувал.

Освалдо и понатаму важи за еден од најсексапилните мажи во Колумбија. Три пати е женет, двапати со актерки и еднаш со новинарка.

Scroll to Top