Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, минатиот ноември во тајност добил близнаци со директорка во неговата невротехнолошка компанија „Неуралинк“, Шивон Зилис, пренесе Business Insider.
Двајцата поднеле барање за промена на презимињата. Близнаците кои сега се стари осум месеци треба да го добијат презимето на татко им, а мајчиното презиме како дел од средното име.
Желбата на родителите наводно им ја исполнил судија од Остин, Тексас. Имињата на близнаците сè уште не се познати.
Како што пишува „Бизнис-инсајдер“, близнаците биле родени само неколку недели пред Маск да го добие второто дете Ексу Дарк Сидариал со неговата повремена девојка Грајмс преку сурогат мајка.
Најбогатиот човек на светот сега има девет деца за кои се знае: пет со бившата сопруга Џастин Маск и две со пејачката Грајмс, од кои второто се роди во декември. Милијардерот во моментов се забавува со актерката од серијата „Бритни евер афтер“, Наташа Басет.