Исчезнатиот брат на Ким Катрал пронајден мртов

Актерката Ким Катрал преку социјалните мрежи побара помош да го пронајде својот исчезнат брат Кристофер. Неколку часа подоцна таа откри дека Кристофер е пронајден мртов.

Ѕвездата на „Сексот и градот“ вчераутро испрати порака до фановите во која ги моли за помош да го пронајдат 55-годишниот Кристофер, кој бил исчезнат од 30 јануари. Вечерта, повторно преку „Твитер“, им се заблагодари на сите што се вклучиле во потрагата соопштувајќи дека канадската полиција го пронашла неговото тело.

„Јас и моето семејство со голема тага соопштуваме дека нашиот син и брат Крис Катрал почина ненадејно. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во ова тешко време. Сакаме да ви се заблагодариме на сите на социјалните мрежи за љубовта и поддршката што ни ја праќате“, напиша таа во пораката.

Полицијата соопшти дека Кристофер Катрал бил најден мртов на неговиот имот во населбата Блекфолдс во Канада. Тие не ја навеле причината за смртта, но истакнале дека не се работи за смрт во сомнителни околности.

Scroll to Top