Кајли Џенер стана мајка

Кајли Џенер, најмладата сестра на Ким Кардашијан, потврди дека се породила и дека таа и нејзиното момче Тревис Скот добиле ќерка. Ова е нивно прво дете.

Кајли се породила на 1 февруари, а на својот инстаграм-профил напиша порака преку која им се извини на фановите што ги држела во неизвесност.

20-годишната Кајли им се заблагодарила и на сите што ја поддржувале во текот на бременоста, но и што ѝ помогнале да ја сочува тајната.

Scroll to Top