Канадскиот премиер тврди дека не е син на Фидел Кастро

Најстариот син на Фидел, Кастро Дијаз – Баларт, кој неодамна изврши самоубиство, во прошталното писмо канадскиот политичар го нарекол полубрат. Канадската влада со премиерот Џастин Трудо на чело ги демантира шпекулациите дека покојниот кубански лидер Фидел Кастро е всушност татко на претседателот на владата во Отава. Шпекулациите дека Фидел Кастро е биолошки татко на Џастин Трудо траат уште кога легендарниот лидер на Кубанската револуција починал во 2016 година.

Кубанските медиуми посветиле големо внимание на самоубиството на Фиделито. Тој бил доктор по нуклеарна физика и студирал во Советскиот Сојуз. Со години страдал од тешка депресија, која била причина за самоубиството што го изврши на 1 февруари. Владата во Хавана, како и државните медиуми, не потврдиле дали тој оставил проштална порака. „Наводите дека Фидел Кастро е биолошки татко на канадскиот премиер Џастин Трудо се неточни”, се наведува во соопштението на владата во Отава. Канадските службеници истакнуваат дека Џастин Трудо се родил во декември 1971 година и дека негови биолошки родители се Маргарет и Пјер Трудо, кој исто така бил премиер на Канада. Џастин е роден нешто повеќе од 9 месеци откако неговите родители се венчале. Шпекулациите дека Кастро е татко на Џастин ги подгреал и фактот дека Маргарет, мајката на премиерот, во 1976 година била на Куба и се состанала со лидерот на револуцијата. Маргарет имала 22 години кога се омажила за Пјер Трудо, кој имал 51 година.

Scroll to Top