Американскиот рапер Канје Вест изјави дека сака да направи христијанска верзија на апликацијата ТикТок. Тој со идејата се пофали на „Твитер“ и напиша дека како татко и христијанин, бил шокиран од тоа што го видел на апликацијата.
Канје вели дека од друга страна тој бил фасциниран од технологијата што стои зад сето тоа, па се појави со идејата да создаде „ИсусТок“ („ИсусТок“), апликација наменета за христијани.
Оваа негова најава следуваше откако претходно американскиот претседател Доналд Трамп, најави дека ќе ја забрани оваа апликација во Америка. Трамп тогаш побата од кинеската компанија да ја продаде апликацијата на американска компанија до средината на септември.