Кејтлин шокираше голем дел од фановите на „Инстаграм“ со фотографиите на кои може да се види дека има голема црвена рана на врвот на својот нос.
Евидентно е дека еден дел од кожата на носот морал да се отстрани поради здравствени причини.
„Имав мало оштетување на кожата на носот, кое неодамна го отстранив. Секогаш користете заштита од сонце“, напишала Кејтлин Џенер.
Но, како што пренесува RadarOnline.com, Џенер се плаши да се соочи со поголем проблем.
„Најголемиот страв што го има Кејтлин е да не го изгуби носот“, изјавил извор упатен во ситуацијата.
Според пишувањето на странските медиуми, таа отишла на одмор заедно со нејзиното семејство.
„Таа го повика семејството за да мине време со нив затоа што не знае што ќе се случи со нејзиното здравје“, навел изворот.






