Кендрик Ламар тврди дека го киднапирале вонземјани

Споре раперот Кендрик Ламар, за неговиот успех се виновни вонземјаните. Тој неодамна имал интервју на една радио станица и во разговорот со својот домаќин рекол дека „мали зелени суштества го киднапирале додека бил дете“. Тој додал дека ова се случило одамна и дека сеќавањата му се избледени.

„Се сеќавам на вонземјанинот кој стоеше пред мене кога имав 6 години, иако ми зборуваат дека сето тоа сум го измислил. Никој не ми веруваше тогаш, а никој не ми верува ни сега“, рекол тој.

Раперот додал дека му е многу тешко да објасни што се случило, бидејќи знае дека нема смисла, но тврди дека е сигурен дека го киднапирале.

„Тоа веројатно и се случило. Можеби затоа и се занимавам со музика. Кој знае. Изгледа ми дадоа енергија“, рекол тој.

Scroll to Top