Ќерката на Анџелина Џоли најопуштено дете во Холивуд

Шајло Џоли Пит, ќерката на Анџелина и Бред, отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста со својот изглед. Шајло набргу ќе полни 12 години, но таа никогаш во јавноста не носи здолшништа и фустани. Нејзин стил се фармерките и панталоните, но и кусата коса.

Пред неколку години во интервју кај Опра, Пит изјавил дека дури и дома сака да ја облекуваат како момче и да ѝ се обраќаат со имињата Питер или Џек.

На последните папарацо-фотографии направени во Лос Анџелес, Шајло е на шопинг со својата мајка и сестрата Захара. Шајло носи и дуксер со знакот на нејзиниот омилен британски фудбалски клуб „Ливерпул“. Кога фотографиите се појавија во јавноста, многумина коментираа дека Шајло ,најверојатно, е најсреќното и најопуштено дете во Холивуд.

 

Scroll to Top