Ќерката на Бијонсе има личен стилист, готвач и пет куќи

Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, 6-годишната Блу Ајви Картер има свој личен стилист и 5 куќи на нејзино име.

Малата Блу Ајви на доделувањето на наградите „Греми“ носеше скапи сребрени чевли со високи потпетици, а на јавните настани на коишто оди со родителите, секогаш носи дизајнерска облека. Ајви во својот плакар има фустан од 8.000 евра, дизајн на Мишка Аоки, чанти од „Гучи“, очила „Фенди“…

Таа, иако има само 6 години, поседува 5 куќи на свое име, две во Лос Анџелес и по една во Њујорк, Мајами и Хемптонс.

За Ајви се грижат две дадилки, но таа има и сопствен готвач кој оди секаде кајшто патува семејството Картер.

Ќерката на Бијонсе зборува француски јазик и свахили, а приватно учела уметност и музика. Оваа година ќе тргне на училиште.

Scroll to Top