Најстарата ќерка на Брус Вилис, Талула, пред неколку дена кажа дека ќе ја одложи свадбата со режисерот Дилон Бус, но се премисли и сега сака да се омажи што е можно побрзо. Според американските медиуми, таа решила да се венча веднаш за да може нејзиниот татко да ја одведе до олтарот. Сето ова се случува откако семејството на Брус неодамна откри дека глумецот боледува од афазија, поради која не може да го користи јазикот, а дека поради болеста мора да ја заврши актерската кариера.
„На Талула и Дилон им е важно Брус да е присутен, но и да е доволно здрав за да ја придружува до олтарот, тоа ѝ е најголема желба“, рекол извор близок до семејството за американските медиуми.
Талула е една од трите ќерки кои Брус ги доби со Деми Мур. Иако се разведоа пред повеќе од 20 години, Вилис и Мур останаа блиски. Тие заедно поминаа некое време и во карантин среде пандемија, а со нив беше и втората сопруга на Брус и нивните деца.