Барањето на 18-годишната ќерка на Илон Маск за законска промена на името и полот е одобрено, според судските записи, пренеусва „Пипл“.
Во средата судијата на Врховниот суд на округот Лос Анџелес го одобри барањето на тинејџерката законски да си го промени своето име во Вивијан Џена Вилсон, покажуваат судските записи. Нејзиното ново презиме е моминското презиме на мајка ѝ Џастин Вилсон.
Судијата исто така го препознал полот на Вивијан како женски и донел одлука за издавање нов извод од матичната книга на родените за да се одразат промените, според документите.
Вивијан е едно од петте деца што Џастин Маск, 49-годишна канадска авторка, ги има со 50-годишниот бизнисмен, најбогатиот човек на светот. Нивното прво дете трагично почина кога имало 10 недели од синдромот на ненадејна смрт на доенчиња во 2002 година. Парот, кој се венча во 2000 година, се раздели во 2008 година.
Во оригиналната петиција на Вивијан, поднесена на 18 април, непосредно по нејзиниот 18-ти роденден, вклучува кратка реченица во која го објаснува нејзиното барање.
„Родовиот идентитет и фактот дека повеќе не живеам или не сакам да бидам поврзана со мојот биолошки татко на кој било начин, облик или форма“, напиша таа, според судските документи до кои дојде „Пипл“.