Лурдес Леон, ќерката на пејачката Мадона, привлече внимание кога пристигна на ревијата на брендот Ив Сен Лоран во Париз.
27-годишната девојка дојде во чипкаст комбинезон кој на делови беше проѕирен, па сите можеа да и ги видат градите. Покрај тоа, таа искомбинира црн капут и очила за сонце.
Лурдес со ова издание потсети на модната комбинација на нејзината мајка која ја носеше на Мет Гала во 2016 година. Мадона тогаш се појави во чипкаст комбинезон кој ги откри нејзините гради и задник.
Лурдес, се чини, уште еднаш докажа дека навистина научила како да привлекува внимание од нејзината мајка Мадона.