Ќерката на Серена е најмалата личност на насловната на „Вог“

Магазинот „Вог“ ги сликаше Серена Вилијамс и нејзината ќерка Олимпија за насловната страница на февруарското издание на списанието. Олимпија е најмалата личност што се нашла на насловната страница на „Вог“, родена е на 1 септември 2017 година. Таа веќе има и свој инстаграм-профил.

„Среќна сум што родив ќерка. Сакам да ја научам дека не постојат граници што не може да го помести“, рекла Серена во интервјуто.

Серена неодамна го одигра првиот тениски натпревар по породувањето, а во публиката беше и нејзината ќерка.

Scroll to Top