Ќерката на Синди Крафорд си фати момче

Ќерката на Синди Крафорд, моделот Каја Гербер, од неодамна е во врска со британскиот модел и актер Фентон Меркел. Фентон е син на британската актерка Патси Палмер, а во Британија се прослави со улога во серијата „Истендерс“. 16-годишната Каја тргна по стапките на мајка си и минатата година учествиваше на модните ревии на најпознатите светски дизајнери на модните недели во Њујорк и Париз.

„Фентoн и Каја некое време беа пријатели, но во последните неколку месеци нивното пријателство прерасна во љубов“, изјавил за магазинот „Сан“ извор близок до семејството на Фентон.

Scroll to Top