Ким Картал не уживала во секс-сцените во „Сексот и градот“

Ким Катрал, актерката позната по улогата на Саманта во хит-серијата „Сексот и градот“, за потребите на серијата снимила преку 100 секс-сцени. Иако на екранот изгледа како да ужива во секоја од нив, во едно интервју Ким открила дека вистината е малку поинаква и дека не баш сите сцени поминале добро како што сите мислат.

„Понекогаш се прашував како воопшто да го изведам тоа. Но го сакав мојот лик бидејќи Саманта секогаш одеше чекор напред, таму каде што ниту една жена не би зачекорила. Беше малку постара, малку поискусна, ако ме разбирате“, рекла Ким во интервјуто.

Таа открила и која сцена ѝ е најнеомилена.

„Снимавме сцена каде тој беше над мене, а потоа во истиот момент падна на мене и испушти гас. Се скаменив. Не ми беше јасно што се случи. Всушност, поради снимањето тој вежбал напорно и бил на строга диета, па не јадел пред да дојде. Во текот на сцената се онесвести и испушти гас. Беше навистина одвратно“, рекла Катрал.

Scroll to Top