Ким Катрал ја вознемири Сара Џесика Паркер

Во последно време актуелна е темата за продолжението на “Сексот и Градот” како и Ким Катрал која даде една необична изјава. Американската глумица Сара Џесика Паркер изјави дека се чусвтвува многу повредено од изјавата на Ким Катрал, која рече дека тие две никогаш не биле пријателки додека ја снимале популарната серија.

“Ние две никогаш не бевме пријателки. Бевме само колешки, на некој начин тоа е најздравиот однос, бидјеќи имаш една јасна граница помеѓу професионалниот живот и приватниот”, изјави Ким Катрал или Саманта Џоунс.

После ваквата изјава, медиумите се обидуваа да ја контактираат Сара Џесика Паркер за да ја искоментира оваа изјава.

“Срцето ми е скршено. Размислувам на тоа цела недела. Тоа навистина ме вознемири, бидејќи тоа не е односот на кој јас се сеќавам. Тоа беше професионално искуство, но со тек на време стана и лично, бидејќи траеше со години”, рече Сара и искрено кажа дека е многу повредена.

Scroll to Top