Кои познати личности би можеле да умрат оваа година

Сајтот Death list постои од 1987 година и секоја година прави листа на познати личности кои би можеле да починат во текот на наредната година. Тие погодија 17 познати личности во 2017 година, а сега ја објавија и листата за 2018 година.

На нивната листа има 50 познати личности. Но, за да се најдат имињата на листата мора да бидат доволно познати и веста за нивната смрт да биде објавена во британските медиуми. Секоја година тие може да повторат само 25 кандидати од претходната година.

На листата за 2018 година се најдоа: Рони Вуд од групата „Ролинг стоунс“, Стивен Хокинг, поранешниот фудбалер Пол Гаскоњ, актерката и пејачка Оливија Њутн Џон, принцот Филип, Кирк Даглас, актерката Бети Вајт, американскиот политичар Џон Мекејн, модниот дизајнер Пјер Карден, актерката Дорис Деј, поранешните претседатели на САД Џими Картер и Џорџ Буш Сениор, папата Бенедикт 16., Хосни Мубарак – поранешен претседател на Египет, Шон Конери, музичарката Џони Мичел, актерката Оливија де Хавиленд, политичарот Хенри Кисинџер и други.

Scroll to Top