Кои се сопругите на најбогатите луѓе во светот

Сопругите на најбогатите луѓе во светот се хуманистки, филантропки, но и жени со сопствена кариера…

Присила Чен, сопруга на Марк Закерберг

Присила е сопругата на основачот на „Фејсбук“, Марк Закерберг. Се запознале во 2003 година на Харвард каде што студирале заедно. На почетокот на врската Марк бил многу срамежлив, но таа сфатила дека нивната врска е сериозна кога ѝ рекол дека „попрво би излегол со неа на состанок отколку да полага испити“. Тие се венчале на интимна церемонија во 2012 година. Присила е педијатар и се занимава и со хуманитарна работа. Таа и нејзиниот сопруг донирале преку 1,6 милијарди долари на разни здруженија кои се занимаваат со образование, наука и грижа за здравјето на децата. Присила и Марк имаат две деца.

Лорен Пауел Џобс, вдовица на Стив Џобс

Лорен својот живот го посветила на вложување во образованието на младите, им помага на мигрантите и се грижи за социјална правда и заштита на околината. Особено се грижи за децата кои поради финансиски причини не можат да си дозволат да одат на факултет. Таа и Стив се запознале во 1991 година и имаат три деца. Џобс почина во 2012 година од рак на панкреас.

Луси Саутворт, сопруга на Лери Пејџ

Сопругата на ко-основачот на „Гугл“ докторирала на Универзитетот „Стенфорд“. Работела и со сопругот во „Гугл“, но во моментов е невработена и се грижи за нивните две деца. На нивната венчавка присуствувале 600 гости. Свадбата се одржала на приватен остров, далеку од папараците. И таа заедно со сопругот вложуваа многу пари во хуманитарна работа.

Ана Војцицки, поранешна сопругата на Сергеј Брин

Ана е сопруга на вториот ко-основач на „Гугл“, Сергеј Брин. Завршила биологија и генетика на „Стенфорд“. Има своја компанија, а една од нејзините сестри е извршен директор на „Јутјуб“. Бракот со Сергеј завршил во 2015 година, кога открила дека две години ја изневерувал со една од вработените во компанијата.

Фабијана Флоси, сопруга на Берни Еклстоун

37-годишната Фабијана е втора сопруга на 83-годишниот Еклстоун. Тие се венчале 2012 година. За неа не се знае многу, бидејќи Фабијана се крие од јавноста и медиумите.

Даша Александрова Жукова, партнерка на Роман Абрамович

Даша е уредничка на моден магазин и ја поддржува уметноста. Со Абрамович е во врска од 2006 година и заедно имаат две деца. Неговото богатство се проценува на 9 милијарди долари.

Мекензи Безос, сопруга на Џеф Безос

Активистката и писателка Мекензи е омажена за Џеф Безос, основачот на „Амазон“. Тој е најбогатиот човек на светот, според магазинот „Форбс“. Мекензи се залага за правата на истополовите бракови, а напишала и две книги. Мекензи и Џеф се венчале во 1993 година и имаат две деца.

 

Scroll to Top