Во претсен корсет, изврзан на рацете со јаже пејачот Сем Смит, позира за „Перфект магазин“. Тој во последно време изненадува со неговиот стил на облекување. Дел од неговите фанови се вооодушевени како изгледа, а во истовреме ги лути неговите хејтери.
Пејачот неодамна отворено зборуваше за прифаќањето на неговото тело во помладите години. Тој имал намера отворено да ја промовира својата позитивност на телото и да го мотивира секој еден да не се срами од своето тело. Тој доби многу пофалби од фановите на Твитер.
„Кога ќе видам колку е самоуверен и слободен во своето тело, тоа навистина ми помага во мојата борба со телото, дисморфија“, напишал обожавател.
Додека пак друг фан на Сем Смит го искритикувал пејачот.
„Јас сум болен од тоа што го гледам, ја продаде душата, никој не треба да го погледне ова, фуј “, „колку си само грозен“, се дел од коментарите.
View this post on Instagram