Неодамна објавеното интервју со познатиот холивудски режисер Френсис Форд Копола откри дека третото продолжение на познатата филмска сага „Кум” е снимено од чисто егзистенцијални потреби на режисерот.
Филмот снимен во 1990 година се смета за најслаб во целата трилогија, и покрај бројните номинации за Оскар.
Во едно интервју од 2001 година Копола призна дека ја вратил познатата мафијашка сага исклучиво за да обезбеди финансиска сигурност за себе и за своето семејство.
„Банкротиравме. Во одреден момент сфаќаш дека овие филмови, како ‘Апокалипса’ и филмовите ‘Кум’ многу добро поминаа кај публиката, иако во времето кога излегоа и не беа нешто посебно”, призна режисерот.
„На некои луѓе им се допадна, а на некои не. Во тоа време не знаев што да правам. Мислев на многу работи, и одеднаш тогашниот шеф на студиото ‘Парамаунт’ предложи: Зошто не снимиш ‘Кум 3’?”
„Размислував за тоа и сфатив дека би можел да направам договор кој би ме вратил. Се чувствував дека ѝ должам на жена ми да заработам пари и да ставам нешто на страна, за неа, да го сочувам нашиот дом, и така одлучив да го сторам тоа“, рече Копола.