И кралицата Елизабета не ѝ одолеа на Меган, го прекрши протоколот

Кралицата Елизабета Втора ја покани Меган Маркел, свршеницата на принцот Хари, да биде со британското кралско семејство за време на божикните празници во палатата „Сандрингам“ во источна Англија, објавија светските новински агенции.

Тоа е девијација од протоколот бидејќи обично на партнерите на членовите на кралското семејство не им е дозволено да присуствуваат на свеченостите пред да стапат во брак.

Кралицата ги кани своите најблиски роднини во замокот „Сандрингам“. Тие разменуваат подароци на Бадник, а на Божик кралското семејство оди на служба во црквата на територијата на зградата.

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт исто така ќе бидат во „Сандрингем“ за Божик.

Принцот Хари и Меган Маркел ја објавија својата свршувачка кон крајот на ноември, а ќе се венчаат во мај.

Scroll to Top