Кралицата го продава својот кралски џин

Кралицата го продава својот нов службен кралски пијалак џинот, пишуваат британските медиуми. Како што пренесуваат тие, кралскиот пијалак ќе се служи на разни настани во палатата, а од кралското семејство најавија дека целиот приход ќе оди во фондациите за одржување на имотот.

Кралското семејство со години ги споделува со јавноста своите кулинарски рецепти, но работи и на брендирање на производите. Еден од таквите е и џинот што се прави од билки од градините на Бакингемската палата. Зад овој алкохол, кој е омилен во летниот период, стои кралското семејство.

Кралскиот џин е направен од 12 различни видови билки, а се рекламира и како пијалак со кој можете да се чувствувате кралски, а истовремено тоа да не влијае премногу на вашата сметка.

Се работи за пијалак што содржи 42% алкохол, а се продава во шише од 0,7 литри. Кралскиот џин се продава за цена од 40 фунти, а во моментов може да се нарача исклучиво во Велика Британија. Во иднина се очекува истиот да се дистрибуира и пошироко.

 

 

Scroll to Top