Актерката Кристен Бел повторно предизвика контроверзии, овој пат со контроверзна изјава за неверството во нејзиниот брак со колегата актер Дакс Шепард, објавува „Унилад“.
Ѕвездата, која многумина ја сметаат за половина од совршениот пар, наводно рекла дека не би била премногу вознемирена ако нејзиниот сопруг ја изневерува. Изјавата доаѓа кратко откако морала да ги ограничи коментарите на Инстаграм поради негативни реакции на објава за нејзината годишнина од бракот.
„Кого го интересира неверството?“
„Кого го интересира, искрено?“, наводно рекла 45-годишната Бел за неверството. „Исто така знам дека сме мајмуни. И двајцата сме привлечени од други луѓе. Ние сме во брак. Не сме мртви.“
Таа додаде дека не знае дали секој има привилегија да се чувствува толку самоуверено во својата врска, истакнувајќи дека живее според својот „сопствен барометар за тоа што е добро, а што лошо“ за неа.
„Не сме создадени за моногамија“
Ова не е прв пат Бел да зборува за немоногамијата. Во 2017 година, таа изјави за Men’s Health дека е „прилично сигурна дека не сме создадени за моногамија“. „Тешко е и бара многу внимание, ранливост и отвореност“, додаде таа.
Една година подоцна, таа повтори слична мисла во списанието You: „Ги гледам придобивките од моногамно општество, но тешко е затоа што сè уште ве привлекуваат други луѓе“. Бел верува дека притисокот од врската е „олеснет“ ако сфатите дека „привлечноста на вашиот партнер кон некој друг нема никаква врска со вас“.
фото: принтскрин






