Легендарниот рокер Џон Филипс имал секс со родената ќерка

Малкумина не можеле да претпостават дека ќерката на еден од познатите музичари, легендарниот рокер Џон Филипс, преживеала пекол во текот на растењето со познатиот татко. Мекензи Филипс открива дека нејзиниот татко, Џон Филипс, е донекаде виновен за проблемите низ кои поминала. Денеска таа е 58-годишна дама која долго се борела со зависности, неколкупати е апсена и завршила на рехабилитација. Вознемирувачкиот детаљ е откриен подоцна, кога Мекензи гостувала во емисија на Опра Винфри.

Во емисијата таа откри дека десет години била во инцестна врска со својот татко. Честопати ја силувал, а во текот на еден од односите забременила, а тој ѝ го платил абортусот.

Кога имала 11 години ѝ дал кокаин, а неколку години подоцна ѝ го вбризгувал во вена. Нејзиниот татко почина во 2001 година, на 66-годишна возраст.

Scroll to Top