„Унитас фондот е интернационална непрофитна хуманитарна организација основана во 2011 година и се занимава со превенција и едукација на децата и младите луѓе ширум светот за трговијата со луѓе.
Заедно со Министерството за образование, наука и технолошки развој и Центарот за заштита на жртвите на трговијата на луѓе, Унитас фондот разви и програма „Превенција и едукација на младината за трговија со луѓе“, каде овој пат се едуцирани 80 експерти од 17 училишни управи, како и десетици илјади наставници, ученици и родители ширум Србија.
Во партнерство со Црвениот крст на Србија, Унитас фондот врши едукација и превенција на деца од 3 до 7 години, а во изминатите години информираше над илјада дечиња. Унитас фондот верува дека единствено заедно може да се бориме со оваа криминална активност и да им овозможиме безбедно растење на децата ширум светот.
За трговијата со луѓе: Трговијата со луѓе е модерен облик на ропство, кое вклучува трговија со луѓе во комерцијални цели, како и цели со експлоатација. Секоја година милиони мажи, жени и деца низ целиот свет, вклучувајќи ја и Србија, стануваат жртви на трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е прикриено злосторство затоа што жртвите ретко добиваат можност да се обратат за помош поради јазичните и други бариери, придружени со стравот и недовербата во правно-кривичниот систем.