Холивудксиот актер Леонардо Ди Каприо на 4 ноември треба да се појави на суд за случај поврзан со перење пари бидејќи бил наведен како сведок на судењето на раперот Прас Мичел.
Раперот е обвинет за соучешништво во перење пари за тимот кој помагал во финансирањето на филмот „Волкот од Волстрит“ во која Ди Каприо има главна улога.
Мичел бил поврзан со нелегални активности на еден малезиски претприемач кој проневерил милијарди долари од тамошниот државен фонд, пишуваат американските медиуми. Тој наводно добил 8 и 40 милиони долари за учество во измамите, додека неговиот соработник во овој нелегален бизнис побегнал од државата и е недостапен на властите.
Леонардо ди Каприо во слична ваква ситуација се најде во 2019 година кога беше повикан поради извесни заткулисни активности поврзани со режисерот Мартин Скорсезе во чијшто филм глуми.
Тоа не го спречи актерот годинава да најави нова соработка со Скорсезе, со кого, да потсетиме, работи дури на седум заеднички проект. Ди Каприо и Скорсезе досега ги снимија филмовите „Авијатичарот“, „Бандите на Њујорк“, „Двоен чин“, „Затворен остров“, „Волкот од Волстрит“, како и најновиот „Убиство под цветната месечина“, во кој им се придружи и Роберт Де Ниро, а ќе биде прикажан во ноември годинава.