Леонардо ди Каприо е виден во Њујорк во финалето на тенискиот турнир УС Опен на кој играа Новак Ѓоковиќ и Данил Медведев. Беше сам без девојка си, а папараците го видоа со црна капа и темни очила за сонце како јаде бургер.
За потсетување, глумецот неодамна беше виден во ноќен клуб на Ибица во друштво на италијанската манекенка Виторија Серети. Пред тоа го врзуваа со манекенката Џиџи Хадид.
Заради кратките врски, актерот стана предмет на потсмев на интернет, каде се разви теоријата дека одбива да излегува со девојки постари од 25 години, поради што не успеал ниту со Хадид.
На социјалните мрежи брзо се појавија коментари дека и оваа романса ќе биде краткотрајна, бидејќи Серети следниот мај го слави својот 26-ти роденден.