Љубоморни шират невистини, а идиоти веруваат во нив, се јави Георгина по шпекулациите за кавгите со Роналдо

Фудбалерот Кристијано Роналдо (38) и неговата партнерка Георгина Родригез (29) се најдоа на удар на критики по неодамнешната расправија која ја имаа на аеродром. Георгина сега се јави и им се обрати на фановите на социјалните мрежи со објаснување за целата ситуација.

Португалските медиуми пренесоа дека двајцата се пред разделба поради тоа што Роналдо наводно веќе му преќипело од нејзината себичност и претерано трошење пари.

„Завидливите и љубоморни шират гласини и озборуваат, а идиотите им веруваат“, рече Георгина цитирајќи стихови од една шпанска песна на „Инстаграм“.

Проблемите наводно започнаа кога Роналдо дојде во новиот клуб во Саудиска Арабија – Ал Наср. Извор близок до парот објасни дека Георгина деновите ги поминува на пазарење во луксузни трговски центри, пренесе британски „Сан“.

На фудбалерот му пречело тоа што Георгина повеќе не е посветена на семејството како порано, туку гледа само за себе и за своја корист. Покрај сето тоа, Георгина наводно го нарушила и односот со мајка му со која Роналдо е многу близок, па фудбалерот почнал да ги губи нервите и на теренот.

Scroll to Top