Луксуз во станот на Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк и неговата сопруга Џесика Бил одлучија да се преселат во нов стан во Њујорк, па пентхаусот во Сохо во кој живееле седум години, го продаваат.

Во станот уреден во комбинација на елегантен и урбан стил, преовладуваат земјани тонови, а од сите четири страни е опкружен со тераса.

Во станот има многу светло, благодарејќи на прозорците кои се протегаат до подот. Во раскошниот пентхаус се наоѓаат три спални соби и три бањи, а зградата на жителите им нуди приватен паркинг, приватен влез и фитнес центар.

Сега, славната двојка, живее на друга њујоршка адреса, а соседи им се Хари Стајлс, Џенифер Лоренс, Рајан Рејнолдс, Мег Рајан и други светски ѕвезди.

Scroll to Top