Магични гради, секс, депресија-тајниот денвник на Меган излезе во јавноста

Идната членка на британското кралско семејство и најпознатата невеста, Меган Маркле, е автор на тајниот блог за борба и опстанок во Холивуд. Освен за љубовта кон ефтиното вино и сирење, пишувала и за „магични гради“ и многу секс.

Блогот се појавил во почетокот на 2010. година под наслов „The Working Actress” и многу бргу станал популарен за сите почетници во филмскиот свет.

Претставувајќи се како глумица која работи и користејќи силуета на празна режисерска маса како свое лого, Меган до крајот на го открила својот идентитет – дури ниту кога се нагаѓало дека сето тоа е нејзино дело.

Идната жена на британскиот принц Хари опишувала ситуации, себе, што делумно и ја открило, пишувала дека работела работи од кои и се гадело, гладувала, а понекогаш утеха пронаоѓала во чоколади, сендвичи и ефтино вино.

Со своите следбеници споделила приказни за безобразни агенти, а го допрела и својот брак со продуцентот Тревор Енгелсон. За тоа искуство напишала дека „иако и недостасувал, времето без него и било како одмор“.

На исчезнатиот блог биле повикувани луѓе и’ да читаат за девојката со „магични гради“.Останатите 300. дена се потешки отколку што можете и да замислите“.

На избришанит блог, кој е пишуван до 2012. година, авторката забележала дека најтешко и паднало одбивањето за улогата која многу ја посакувала.

„Нема да лажам, многу денови минав стуткана во кревет со парче леб и малку вино. Жално и комично“ била искрена бившата глумица која во 2012. година го згаснала блогот. Глумецот Ленс Картер за „Дејли Меил“ потврдил дека Меган Маркле е лицето кое стоело зад тој блог.

Scroll to Top