Мејкап трендови според Клаудија Шифер

Поранешниот супермодел Клаудија Шифер создаде сопствена колекција шминки, па самата се појави како модел во промо-кампањата. Таа за оваа сезона има три совети за жените – сини сенки, црвени усни и природен изглед.

Сини сенки

Сините сенки се алатка за жените да ја покажат својата смелост. Комбинацијата на бои завршува со богат кармин и класичен црвен лак за нокти.

Неутрални тонови

Задолжителни се нијансите во „месо боја“. Таа за своите клиентки одбрала шминка во неутрални бои, но и темни сенки и топли густи кармини.

Црвен кармин

Црвениот кармин е вистинска класика. Шифер комбинира црвена боја на усните и на ноктите.

Scroll to Top