Мајката на Енрике Иглесијас била оган за мажите

За близнаците на Енрике Иглесијас и Ана Курникова, јавноста дозна од нивните Инстаргарм профили. Освен фотографиите и тоа дека се викаат Николас и Луси, ништо друго не беше познато.

Дел од деталите ги откри мајката на пејачот, Исабел Прејслер, која неодамна беше и на насловната страна на шпанскиот магазин „Hola!“. „Ана не ја криеше бременоста. Немаше зошто. Но, таа води многу едноставен живот и е домаќински тип на жена. Бременоста ѝ беше нормална и здрава. Енрике е пресреќен со новата улога што ја има.“, вели Исабел во интервјуто.

Инаку, Исабел и таткото на Енрике, Хулио, беа во брак седум години, а од таа љубов освен пејачот, се родија и Исабел Чабели Иглесијас и Хулио Иглесијас Џуниор.

Исабел секогаш важела за убава жена. И сега,  на 66 години. Како тинејџерка ја освојува титулата „Мис на Филипини“. Нејзината  грациозност и убавина секогаш ги привлекувало мажите.

„Таа изгледаше прекрасно на фотографии, но уште повеќе во живо. Нејзините очи светеа кога ќе се насмееше. Имаше шарм на вистинска дама. Мажите едноставно се вљубуваа во неа. Уште од тинејџерските години имаше армија обожаватели“, раскажуваат колумнитите кои пишуваат за нејзиниот живот. Нобеловецот Марио Варгас Љоса ја напушти својата сопруга по 50 години  брак, за да биде со мајката на Енрике. „Морам да бидам со неа, бидејќи немам многу време“, ќе изјави пред две години Љоса, кој сега има 81 година.

Романската со Љоса и доаѓа како мелем на рана после смртта на нејзиниот трет сорпуг, Мигуел Бојер, инаку поранешен министер за финансии на Шпанија.

Претходно била во брак со Карлос Фалко ака Маркез де Грињон , а потоа и со Хулио Иглесијас.

Љубовта со Иглесијас траела 7 години. Кога се запознале тој сè уште не нил познат. Но, бил доволно атрактивен за Исабел, да и биде  предизвик. Тој предизвик потоа ќе стане причина за разводот.

„Таа се вљубуваше многу пати. Но, тој уште повеќе од неа. Ми пиша, го оставам Хулио, не можам да издржам повеќе. Од старт знаеше каков е, но мислеше дека може да го смени. Мајка и беше против разводот. Но, таа велеше: „Тоа е мој живот. Не ми е гајле што ќе речат другите. Нема да си го трошам животот на овој маж!“ “, се присетува колумнистот кој раскажува за нејзиниот живот.

Исабел во 2006 година ја прими наградата „Women Together Award“ заедно со Хилари Клинтон, Јоко Оно и Шакира за нивните филантропски придонеси.

Scroll to Top