Мајкл Фелпс неколкупати сакал да се самоубие

Американскиот пливач Мајкл Фелпс, еден од најдобрите пливачи во светот, неодамна призна дека неколкупати размислувал да се самоубие.

„Првпат ми дојдоа лоши мисли по Олимпијадата во Атина во 2004 година. Бев депресивен и не гледав никаква причина да продолжам да живеам, ниту да спортувам. Пливањето не ме привлекуваше повеќе“, открил Фелпс во едно интервју. Во 2004 година, кога го освоил првото олимписко злато, имал само 15 години.

Пливачот во кариерата има освоено 28 олимписки медали, а 23 од нив се златни. Сепак, неговата кариера ја следеа и скандали – во 2009 година папараци го фотографираа како пуши марихуана, а пет години подоцна полицијата го приведе поради брзо возење под дејство на алкохол.

Мајкл и неговата сопруга Никол Џонсон во моментот го очекуваат второто дете.

Scroll to Top