Марлон Брандо имаше секс со мојот сопруг

Џенифер Ли, вдовицата на американскиот комичар Ричард Прајор, тврди дека актерот Марлон Брандо имал секс со нејзиниот сопруг. Таа вели дека Прајор не бил единствениот маж со кој Брандо имал секс, туку и со пистателот Џејмс Болдвин и со пејачот Марвин Геј.

Според изјавите на луѓето што го знаеле, Брандо бил бисексуалец. Популарниот актер сакал сè, раскажала сопругата на Прајор. Таа открила дека заедно уживале во наркотици за време на седумдесеттите години од минатиот век.

„Доколку земете доволно кокаин, ќе имате секс и со радијатор и следното утре ќе му испратите цвеќе. Брандо беше спремен да има секс со сè, па дури и со поштенското сандаче“, раскажала Ли.

Нејзиниот сопруг пишувал за многубројни сексуални искуства во својот дневник. Тој не криел што правел и со кого. Неговиот дневник преточен во книга ќе излезе во јавноста кон крајот на оваа година.

Scroll to Top