(Видео) Меган Фокс и Машин Ган Кели добија ќерка

Актерката Меган Фокс и нејзиниот партнер, музичарот Машин Ган Кели, објавија на јавноста дека станале родители.

Двојката ја сподели среќната вест со своите следбеници на Инстаграм, заедно со кратко видео на кое се гледа нивната новородена ќерка.

Меган Фокс ги изненади своите фанови во ноември минатата година објавувајќи фотографија од трудничкиот стомак на социјалните мрежи, а во објавата го означи Машин Ган Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер.

Набргу потоа, Фокс објави фотографија од позитивен тест за бременост, отфрлајќи ги сите сомнежи.

Четири месеци подоцна, на 27 март, парот објави дека добиле ќерка, со зборовите: „Конечно е тука! Нашето мало божествено семе“.

Овој среќен момент доаѓа откако Фокс и Бејкер ја прекинаа свршувачката минатата година и решија секој да тргне по својот пат.

Scroll to Top