Меган Маркл и Џенифер Анистон во 2011 година заедно глумеа во филмот „Како да се ослободите од шефот“. Двете наводно се скарале на снимањето заради конфликт од претходно. Извор близок до нив рече дека не биле во добри односи заради Бред Пит пренесе „Мирор“.
„Кога Меган ја доби улогата сакаше да ѝ покаже на Анистон дека е добра глумица. Сакаше да станат добри пријателки. Но, тоа не се случи. Анистон едвај да ја приметуваше, а Меган се разочара кога дозна дека улогата ѝ е скратена“, рече извор за New Idea.
Додаде и дека проблемите настанале во 2001 година кога Меган јавно зборувала дека сака да биде идната госпоѓа Пит, мислејќи на тогашниот сопруг на Анистон, Бред Пит.
Медиумите пишуваат дека Меган денес пак сака да биде блиска со Анистон. Купила и куќа во нејзина близина. За потсетување, Анистон минатата година платила 15 милиони долари за имотот на Опра Винфри во Монтесити, на крајбрежјето во Калифорнија, место каде живеат голем број холивудски ѕвезди.