Меган Маркл е жена на годината според „Хелоу“

Британскиот магазин „Хелоу“ ја прогласи 36-годишната Меган Маркл  за жена на годината. Американската актерка и вереница на принцот Хари, за кусо време ги освои и Британците и кралското семејство, посебно кралицата Елизабета Втора која оваа година го прекрши протоколот и ја повика Меган на семејната божикна прослава во Сандрингам. Ова е првпат на формален кралски настан да присуствува лице кое не е член на семејството.

Ендру Мортон, авторот на книгата „Дајана: Нејзината вистинска приказна“, во моментов работи на биографијата на Меган.

„Таа е претставничка на генерацијата жени кои можат да направат сè. Меган е одличен пример за жените, а ќе има и големо влијание кога станува збор за одредени промени во кралското семејство, Меган е како и Дајана во триесеттите години. Не можам да се сетам на ниедна жена која ѝ е блиску кога зборуваме за жена на годината“, вели Мортон.

Scroll to Top